Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да се среќаваат и пристапуваат кон групи и организации доколку ова не спречува други луѓе да ги уживаат своите права."
Член 16, Конвенција за правата на детето
 
 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

Почетна

АНКЕТА: ДАЛИ СТЕ ЗАПОЗНАЕНИ СО ВАШИТЕ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer

Што сè „преџвакувате“ од шефот? Ја користите ли сопствената пауза за да му купите појадок, останувате ли прекувремено, а неплатено на работа, незгодно ли ви е да кажете дека законски имате право на повеќе денови одмор, а не 15, и тоа календарски? Накусо, колку сте свесни за сопствените работнички права? 

Ќе ни значат вашите искрени одговори на прашањата што следуваат.

Ви благодариме за вашиот придонес

Mise à jour le Mercredi, 17 Janvier 2018 13:56

НОВИ ПРИСТАПИ ЗА ПРИМЕНА НА УЧЕНИЧКОТО УЧЕСТВО И ДЕТСКИТЕ ПРАВА ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer

Неделава во Охрид, Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Бирото за развој на образованието и во соработка со Министерството за образование и наука на Р. М. организира четири обуки за наставници, училишен менаџмент од основни и средни училишта како и за локални советници на БРО за спроведување на Ресурсен пакет за ученичко учество и заштита на детските права.

Овој документ е подготвен во рамките на проектот „Имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето“, спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА во периодот 2011 – 2019, поддржан од Детската Фондација Песталоци, а во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Во изминатиот период СЕГА пилотираше модели за учество на учениците и заштита на детски права во пилот основни и средни училишта во Република Македонија. Документот претставува комбинација на процедури и ресурси за градење капацитети и ефективна примена на детските права во образовниот систем пилотирани од страна на Коалиција СЕГА во изминатиот период.

„Важно е новите процедури за учество на учениците да се применуваат во сите училишта за да се осигураме дека демократските вредности се интегрирани во образовниот процес. Од досегашното 7 годишното пилотирање на моделот за учество се потврди дека учениците, а и училиштата имаат капацитети за примена на правата на децата во училиштата. Со новите измени во Законот за средно образование учениците ќе имаат право да учествуваат на сите нивоа во донесување на одлуки во улилиштето.“, истакна Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција СЕГА.

Ресурсниот пакет за ученичко учество и заштита на детските права е наменет за сите училишта, одделенски/класни заедници, ученички организации, класни/одделенски раководители во основните и средните училишта, како и застручните служби, кои треба да бидат главните носители, поддржувачи и промотори на демократската партиципација на учениците во училиштето. Ресурсниот пакет дава предлог модули за работилници и обуки за работа со наставници и ученици за осознавање на вистинско ученичко учество во демократскиот живот на училиштето со форми и методи како таа да се поттикнува и заживее во училиштата.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРИ / МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИТЕ!“

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer

Од 01 јануари 2018 година, Коалиција СЕГА преку Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк, Агенција за млади и спорт официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите!“.

Целта на кампањата е да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права.

Ги покануваме младинските организации и организациите кои работат во полето на информирање на младите, или на темата за работнички права, активно да се вклучат во Кампањата.

Со вклучувањето во оваа кампања локалните партнери ќе имаат одговорност за реализирање на активности во согласност со своите можности и ресурси. Вклучувањето на локалните партнери во оваа кампања е на волонтерска основа. Локалните партнер организации ќе бидат промовирани континуирано во сите печатени и електронски материјали од кампањата „365 работнички права за младите!“.

Заинтересираните организации за вклучување во кампањата треба да испратат:

-           „Писмо со интерес за вклучување во кампањата „365 работнички права на младите“ кое ќе вклучува информации за Историјатот на работата на организација; 

-           Номинација со CV за контакт лице за кампањата/локален координатор на кампањата.

Информациите треба да се испратат на e-mail:  Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.  најдоцна до 15 јануари 2018 година.

Избраните организации, локални партнери на кампањата, ќе бидат информирани на 18 јануари 2018 година.

 За дополнителни информации контактирајте на e-mail: Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.  или на тел. 070 308 746.

Кампањата „365 работнички права за младите“ се реализира со поддршка од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Коалиција СЕГА. 

ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА НА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ТРОГЕН, ШВАЈЦАРИЈА

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer

Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка на Детската фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s foundation), а во рамките на проектот Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Р.Македонија, ја реализира и декемвриската интеркултурна размена во Троген, Швајцарија со времетраење од 14 дена- 05.12-19.12.2017.

Учесници на размената беа 40 ученици од три средни училишта во Македонија и тоа: “СЕОУ Гостивар”- Гостивар , “СОСУ Св. Кирил и Методиј”- Охрид, “СОУ Гимназија Мирче Ацев”- Прилеп со 5 професори од наведените училишта.

Учениците секој ден имаа активности од 09:00h до 17:00h каде имаа можност да научат повеќе за детските права, интеркултурна комуникација и антидискриминација. Првата седмица беше проследена со активности за запознавање на учениците од различни градови од Македонија, а втората седмица започна размената со ученици од Белорусија каде беа поделени  во две групи од по 20 ученици од двете земји и преку неформално учење  се стекнаа со знаење за детските права, антидискриминација и толеранција помеѓу различни култури.

Покрај овие активности, за време на викенд имаа можност да посетат знаменитости на Швајцарија како градот Цирих и Циришкото езеро, Луцерн, посета на музејот Технорама, водопадите на Рајна и планинскиот врв Сантис со надморска височина од 2502м.

Искуството за учениците е едно од најубавите, работеа тимски и во пријатна атмосфера и секој ден бил исполнет со радост и хармонија. Заедно создадоа убави моменти кои ќе останат запомнети засекогаш.

Mise à jour le Mercredi, 27 Décembre 2017 13:04

Page 1 sur 32

Последни вести

#365работничкиправазамлади

Национална Кампања 365 Работнички права за млади

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 
СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

Décembre 2017 Janvier 2018 Février 2018
Lu Ma Me Je Ve Sa Di
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31