ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ ЗА ЛОКАЛНИ ЕДУКАТОРИ
Written by Зоран Илиески   
Friday, 03 October 2008

Проект:

Поттикнување на младинското учество во политичките процеси

– ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИ ГЛАСАЧИ –

 

Почитувани,

 Посебна чест ни е да Ве известиме за започнувањето со имплементација на проектот Поттикнување на младинското учество во политичките процеси – ЕДКАЦИЈА НА МЛАДИ ГЛАСАЧИ.

 Овој проект, којшто ќе се имплементира во периодот октомври 2008 - април 2009 година, има за цел да обезбеди едукација на младите во општините Струга, Охрид, Ресен, Битола, Демир Хисар, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Штип, Струмица, Берово и Радовиш за учество во изборен процес, избирачки права, изборен систем и политички субјекти. Исто така, проектот има за цел да ја подигне свеста за важноста од учество во избори кај младите гласачи од урбаните и руралните средини придонесувајќи кон зголемување на процентот на излезени гласачи на следните Локални и Претседателски Избори во 2009 година.

 Ги повикуваме сите активисти на младинските организации и/или организации и здруженија на граѓани кои развиваат младински програми и активности да земат учество во реализација на проектот. Од секој од наведените градови ќе бидат избрани по двајца (2) локални едукатори.

 Заинтересираните членови на младинските организации од градовите Струга, Охрид, Ресен, Битола, Демир Хисар, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Штип, Струмица, Берово и Радовиш се поттикнуваат да достават пополнета апликација која можете д аја преземете на следниот линк: Апликација за локални едукатори .

 Заедно со апликацијата, апликантите треба да достават и писмо со поддршка од матичната организација.

 Основните задачи на локалните едукатори се однесуваат на организирање на едукативни работилници во средните училишта и организирање на промотивни настани и хепенинзи во градовите од кои доаѓаат истите како и организирање на  трибини во руралните средини.

 Крајниот рок за пријавување е 10 октомври 2008 година.

 Потребната документација за пријавување треба да биде испратена на следните е-маил адреси: sega@sega.org.mk и coalitionsega@mt.net.mk

 Апликантите кои доаѓаат од организациите членки на Коалиција СЕГА, ќе имаат предност при селекцијата.

 Сите пријавени кандидати ќе бидат известени за изборот на локалните едукатори на 15 октомври 2008.

 До колку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте ги следните лица:

Томе Гајтаноски, Асистент на проектот – контакт телефон 048/429 390  и е-маил: This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it

 Драгана Митровиќ, Регионален координатор – РК – Штип – контакт телефони 032/ 382-356, 071/ 378-030 или segast@sega.org.mk

 Даниела Кузмановска, Регионален координатор – РК – Охрид – контакт телефони 046/252 926 или segaoh@sega.org.mk

 

Овој проект го имплементира Коалицијата на Младински Организации СЕГА. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy и Коалицијата на младински организации СЕГА.

Коалицијата на младински организации СЕГА е независна и непрофитна организација која е формирана во 2004 година. Коалицијата СЕГА ја сочинуваат 25 младински организации од различни делови на Република Македонија. Коалицијата СЕГА континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.

Last Updated ( Friday, 03 October 2008 )
 
Извештај од трибини
Written by Зоран Илиески   
Monday, 19 May 2008

Со цел да се направи анализа на состојбите кои се значајни за целокупниот општествен живот на граѓаните на Република Македонија, Коалицијата на младински организации СЕГА  организира сериал на трибини на кои покани соодветни домашни експерти.  До сега Коалицијата СЕГА организира четири трибини на следниве теми:

-          Образование - досегашни реформски процеси и што понатаму ?

-          Состојбата во политичкиот систем на Република Македонија, дали и зошто се потребни Избори?

-          Културата - клуч за прогресивно општество


Преземи го целосниот извештај 

Last Updated ( Friday, 03 October 2008 )
Read more...
 
Одржано Годишно Собрание на Коалиција СЕГА
Written by Зоран Илиески   
Monday, 19 May 2008

Врз основа на член 19, алинеја 2, а во врска со член 20 од Статутот на СЕГА и член 8 од деловникот за работа на Собранието, на ден 10.05.2008 год. (сабота) со почеток во 11 часот во просториите на Централната канцеларија во Прилеп се одржа Редовно Годишно Собрание на Коалицијата на младински организации СЕГА.

Last Updated ( Monday, 19 May 2008 )
Read more...
 
Извештај од напредокот на имплементација на проектот “Интегрирање на родова перспектива во НСМ“
Written by Зоран Илиески   
Wednesday, 14 May 2008

Од 01.09.2007 година Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот: “Интегрирање на родова перспектива во младинска политика“. Проектот ќе се имплементира до 31.07.2008 година, а  финансиран е од UNIFEM и Агенција за млади и спорт на Република Македонија. Очекувани резултати:

-     Реструктуирање и ревитализација на Националниот управувачки комитет

-     Поддршка во процесите на пренесување на НСМ во сеопфатен Акционен План во кој е интегриран принципот на родова еднаквост

-     Подготвен Акционен План 2009 год за имплементација на НСМ

 -    Интегрирана родова перспектива во имплементацијата на НСМ  

Во досегашниот период реализирани се следниве активности:

- Одржана Конференција за утврдување на приоритетните акции за имплементација на националната стратегија за млади на 26 Септември 2007 година во хотел Континентал Скопје;

- Избрани членови на Националната комисија за изработка на Акционен план за имплементација на Националната стратегија за млади, претставници од невладини организации и претставници од Министерствата при Владата на РМ;

- Одржани три состаноци со организациите кои што работат на родова еднаквост;

- Одржани две Обуки за Подготовка на Годишен Младински Акционен План  за членовите на Националната комисија за изработка на Акционен план за имплементација на НСМ;

- Формирани и организирани осум работни подгрупи за изработка на Акционен план за имплементација на НСМ 

Преземи го целиот извештај

Sample Image

Sample Image

Last Updated ( Friday, 03 October 2008 )
Read more...
 
„МЛАДИТЕ ВО ЗАШТИТА НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС“
Written by Зоран Илиески   
Sunday, 11 November 2007

Проект на Коалицијата СЕГА за поддршка и јакнење на младинскиот сектор во Источниот дел на Р. Македонија 

Коалицијата на младински организации „СЕГА“, со поддршка од NED – National Endowment for Democracy, во следните седум месеци ќе го реализира проектот „Младите во заштита на јавниот интерес“ со цел да ги зајакне капацитетите на младите и младинските организации во источна Макединија и да го охрабри вклучувањето на младите во решавање на локални и регионални проблеми и прашања коишто нив ги засегаат. 

 

Last Updated ( Monday, 19 May 2008 )
Read more...
 
Извештај од конференција
Written by Коалиција СЕГА   
Tuesday, 23 October 2007

Младинска Конференција за утвдрдување на приоритетните акции за имплементација на Националаната стартегија за млади на Република Македонија

Со цел да се одредат приоритетните акции за имплементација на Националната Стратегија за млади и да се предложат членови на Националниот Управувачки Комитет на 26.09.2007 година беше организирана Младинска Конференција за утврдување на приоритетните акции за имплементација на НСМ во хотел Континентал Скопје од 10.00-18.00 часот.

Преземи го целиот извештај

Last Updated ( Tuesday, 23 October 2007 )
Read more...
 
ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ
Written by Коалиција СЕГА   
Monday, 10 September 2007

Интегрирање на родова перспектива во младинска политика Овој проект го имплементира Коалицијата на Младински Организации СЕГА заедно со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Проектот е финансиран од УНИФЕМ, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Коалицијата на младински организации СЕГА.

Преземи апликација (DOC - 454 kb)

Last Updated ( Tuesday, 11 September 2007 )
Read more...
 
ИЗВЕШТАЈ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ
Written by Коалиција СЕГА   
Thursday, 06 September 2007

ИЗВЕШТАЈ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
ЗА ПОЗНАВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ СО НСМ И КОАЛИЦИЈАТА СЕГА

Коалицијата на младински организации СЕГА е организација која ја сочинуваат 17 полноправни и 10 придружни организации-членки. Членките на коалицијата се од различна географска и етничка позадина. Коалицијата на младински организации “СЕГА“ неформално е формирана на 20 Јануари 2004 год. а на 27 септември 2004 година е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани.

СЕГА е одржлива и развиена младинска фондација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементацијата на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис секторот. Таа континуарно работи на застапување и лобирање на младинската политика на Р.М, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.


Преземи го целосниот Извештај од истражувањето (PDF - 538 kb)
 
Означен почетокот на проект
Written by Зоран Илиески   
Sunday, 26 August 2007

PressВрз основа на Стратешкиот План на Коалицијата СЕГА, стратешка определба I, Воспоставување на Стратешко Партнерство со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Коалицијата СЕГА изготви проект со кој ќе се делува во процесите на започнување со имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија. За таа цел на 05.07.2007 год. се потпиша Меморандум за Соработка со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за воспоставување на стратешко партнерство при изготвување на Акционен План за Имплементација на Националаната Стратегија за Млади на Република Македонија.

Last Updated ( Wednesday, 29 August 2007 )
Read more...
 
КОНКУРС
Written by Коалиција СЕГА   
Monday, 20 August 2007

Врз основа на одлуката донесена на состанокот на Управниот одбор на
Коалицијата СЕГА, одр
жан на 15.08.2007 год., Извршниот Директор распишува:

КОНКУРС
За избор на организација која
ќе раководи со регионалната канцеларија на Коалицијата СЕГА во Скопје (2)

Last Updated ( Monday, 20 August 2007 )
Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 Next > End >>

Results 1 - 11 of 33
 

Тренинг Центар
Главно мени
Почетна
Вести
Линкови
Контакт
Барај
Тренинг Центар
Годишни извештаи
Фотогалерија
За Коалиција СЕГА
Одлуки
Логирај се





Lost Password?
No account yet? Register
Анкета
Дали Ви се допаѓа порталот на Коалиција СЕГА?
 
Последни вести
Најчитани вести