|
Одржани средби со неформални младински групи и организации |
|
Понеделник, 26 Јули 2010 09:54 |
|
На 21ви Јуни во Велес и Кратово се одржаа средби со веќе постоечки неформални младински групи и организации, во насока на зајакнување на капацитетите и нивна регистрација како здруженија на граѓани. Целта на овие средби беше да им се објаснат можностите, предностите и придобивките на младинските групи од нивното регистрирање како здружение на граѓани. На младинските групи кои ќе покажат заинтересираност Коалиција СЕГА ќе им обезбеди правна и финансиска поддршка за отпочнување на процес на регистрација.
Оваа активност е во рамките на проектот :“Поддршка на младински активизам во Република Македонија” кој започна со имплементација од 1ви јуни 2010 година од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, а ќе се спроведува во пет градови од Република Македонија.
Проектот се спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА за 2010 год која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.

|
|
Последно освежено на Понеделник, 26 Јули 2010 10:06 |
|
Четврток, 15 Јули 2010 22:09 |
|
 
Во периодот од 01 Јуни – 31 Декември, Коалиција на младински организации СЕГА го имплементира проектот: “Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“ во Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Тетово, Гостивар, Скопје и Куманово. Овој проект се спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА за 2010 година која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.
Целта на проектот е да се зајакне и промовира меѓукултурниот дијалог во деловите од Македонија каде има млади од различни етнички потекла. Во состав на активностите од проектот предвидено е да се формира тим од тренери (peer едукатори), да се организира Тренинг за тренери и да се организираат PEER едукативни работилници во средните училишта во селектираните градови.
За таа цел во период од 27 - 29 август 2010 година во Струга ќе се организира Тренинг за тренери (peer едукатори). Секој од идните едукатори ќе има задача да организира едукативни работилници, односно стекнатото знаење од тренингот да го пренесат на своите врсници во средните училишта.
За учество во оваа активност ќе бидат селектирани 22 ученици од средно училиште од селектираните градови.
Сите заинтересирани за учество во оваа активност (учество на Тренинг и тренери и организирање на PEER работилници) можат да се пријават со пополнување на Апликација (во прилог на овој текст) која треба да ја испратат на следната адреса
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it или на факс: 048 429 390 со назнака „Апликација за учество на обука за пеер едукатори“.
Краен рок за испраќање на апликации е 31 јули 2010 година.
Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 08 август 2010 година.
За дополнителни информации, слободно контактирајте со:
Моника ИЛИОСКА Асистент на проектот
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Ана ЖЕЖОСКА Асистент на проектот
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Коалиција СЕГА Централна канцеларија Телефон/факс: 048 429 390
Download: Апликација за учество на обука за пеер едукатори |
|
Последно освежено на Петок, 16 Јули 2010 10:36 |
|
Организирана регионална дискусија за иницирање на закон за млади во Тетово |
|
Вторник, 13 Јули 2010 01:00 |
|

На 13 јули 2010 во општина Тетово, Коалиција на младински организации СЕГА организираше “Регионална дискусија за иницирање на Закон за млади во Република Македонија”. Оваа дискусија е реализирана во партнерство со Агенција за млади и спорт на Република Македонија, во рамките на проектот “Анализа на домашната и европската легислатива која го уредува статусот на младите” кој е дел од годишната програма на Коалицијата СЕГА финансирана од програмата Civica Mobilitas.
Говорници на дискусијата беа: Гордана Цекова - советник за младинска политика во Агенција за млади и спорт, Елена Димовска – помлад соработник во Министерство за правда на Р.М и Зоран Илиески – Извршен директор на Коалиција СЕГА. На настанот присуствуваа средношколци, студенти и претставници на младински организации.
На дискусијата беа презентирани клучните препораки на истражувањето дека е потребно да се подготви закон за млади со кој би се опфатиле два сегменти, младинско организирање и совет на млади, Според присутните законот за млади треба да опфати дефинирање на поимот млади, правата и обврските, казнените одредби, функционирањето на младинските организации. Исто така на дискусијата беше даден предлог законот да ги опфати приоритетите од Националната Стратегија за Млади на РМ.
|
|
Последно освежено на Петок, 16 Јули 2010 13:43 |
|
Повик за учество на ЕВС обука во Суботица, Србија |
|
Четврток, 08 Јули 2010 05:47 |
|

Коалиција на младински организации СЕГА е партнер организација на ЛДА од Суботица, Србија којашто го имплементира проектот “Let’s EVS now”. Во рамките на овој проект од 15 – 22 Октомври во Суботица ќе се организира обука за ЕВС програмата. Главна цел на обуката е да се обучат лица поврзани со ЕВС (ментори, тутори, ЕВС промотори) преку подигање на свеста и разбирањето за квалитетот на ЕВС проектите според стандардите на програмата Млади во Акција. Сите заинтересирани за учество можат да аплицираат пополнувајќи го Формуларот кој е во прилог на оваа порака. Патните трошоците за учество на овој настан ќе се рефундираат 70%, додека останатите 30% се на товар на учесникот. Апликацијата за учество на овај настан треба да се испрати на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
, со назнака “Апликација за учество на тренинг ЕВС“. Крајниот рок за испраќање на апликациите е 14.07.2010 година. Апликација Download Информации за обуката Download |
|
Последно освежено на Четврток, 08 Јули 2010 11:06 |
|
Проект:” Имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето во Македонија“ |
|
Вторник, 06 Јули 2010 04:40 |
|
 Во периодот од 01 Јули – 31 Декември 2010 година Коалицијата на младински организации СЕГА ќе го спроведе проектот „Имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето во Македонија“. Целта на проектот е да се направи компактна анализа на примената на Конвенцијата за Правата на детето во Македонија во полето на детско и младинско учество. Овој проект е поделен во три компоненти: Првата компонента се базира на истражување на имплементацијата на членовите кои се однесуваат на детското и младинското учество од Конвенцијата за правата на детето како и проценка за примена на моделот на детски Омбудсман во средните и основните училишта; Втората компонента се однесува на анализа на моменталната состојба со младинското организирање во средните и основните училишта во Македонија и Третата компонента се однесува на проценка на функционирањето на воспоставените Совети на Млади во Македонија. Проектот ќе се спроведе во 14 градови во Република Македонија: Прилеп, Битола, Кавадарци, Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Виница, Штип, Гевгелија, Охрид, Струга и Ресен. Овој проект е финансиран од Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation) со финансиска поддршка од 23.084,00 ЕУР како и од Коалиција СЕГА која учествува со 9.890,00 ЕУР. |
|
Последно освежено на Петок, 09 Јули 2010 06:38 |
|
Организирана Регионална дискусија за иницирање на закон за млади |
|
Среда, 30 Јуни 2010 01:00 |
|

На 30ти јуни 2010 во општина Штип, Коалиција на младински организации СЕГА организираше “Регионална дискусија за иницирање на Закон за млади во Република Македонија”. Оваа дискусија е реализирана во партнерство со Агенција за млади и спорт на Република Македонија, во рамките на проектот “Анализа на домашната и европската легислатива која го уредува статусот на младите” кој е дел од годишната програма на Коалицијата СЕГА финансирана од програмата Civica Mobilitas. Говорници на дискусијата беа: Гордана Цекова - советник за младинска политика во Агенција за млади и спорт, Елена Димовска – помлад соработник во Министерство за правда на Р.М., Бојан Кереместевски – Претседател на Совет на млади на општина Штип и Зоран Илиески – Извршен директор на Коалиција СЕГА. На настанот учествуваа и Претседателот на Советот на општина Штип, претставници од Универзитетот “Гоце Делчев“ Штип, претставници од Советот на млади во општина Штип и претставници од младински организации. Преку презентација од претходно направената анализа беа претставени проблемите со кои се соочуваат младите и можностите за нивно решавање. Исто така беше потенциран и успехот на Советот на Млади на општина Штип како дел од проектот “Совети на млади во општините“ кој Коалицијата СЕГА го реализраше во периодот 2008-2009 год. На оваа регионална дискусија беше нагласена потребата од донесување на Закон за млади кој би го дефинирал статусот на младите, младинското организирање и учеството на младите во донесувањето на одлуки. На средбата беше дадена препорака за формирање на Совети на млади во поголем број од општините и формирање на Национален Совет на млади на Република Македонија со цел застапување и промовирање на младите на локално и национално ниво. |
|
Последно освежено на Среда, 07 Јули 2010 05:12 |
|
Регионална дискусија за иницирање на Закон за млади во Република Македонија |
|
Понеделник, 28 Јуни 2010 09:37 |
|

Од 01 март 2010 година Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Агенција за млади и спорт на Република Македонија го имплементираат проектот „Анализа на домашната и европската легислатива која го уредува статусот на младите“. Проектот е финансиски поддржан од програмата CIVICA MOBILITAS која ја спроведува Центарот за Институционален Развој. Во изминатиов период беше подготвена Компаративна анализа на домашната и европската легислатива која го уредува статусот на младите.
На 30 јуни 2010 година во малата сала на општина Штип со почеток од 11:00 ќе се организира „Регионална дискусија за иницирање на закон за млади во Република Македонија“.
Говорници на дискусијата ќе бидат Гордана Цекова, советник за младинска политика во Агенција за млади и спорт на РМ, Елена Димовска - Министерство за правда на РМ, Бојан Кереместевски - Претседател на Совет на млади на општина Штип, Универзитетски професор од Универзитет Гоце Делчев Штип и Зоран Илиески - Извршен директор на Коалиција СЕГА. |
|
Последно освежено на Петок, 16 Јули 2010 13:03 |
|
Проект: „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“ |
|
Понеделник, 28 Јуни 2010 09:21 |
 Од 01 јуни 2010 година, Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“. Проектот ќе се спроведува во Охрид, Скопје, Тетово, Дебар, Струга, Кичево, Гостивар и Куманово во период од седум месеци а е финансиски поддржан со програмата CIVICA Mobilitas која ја спроведува Центарот за Институционален Развој. Целта на проектот е да се зајакне и промовира меѓукултурниот дијалог во деловите од Македонија каде има млади од различни етнички потекла. Во текот на имплементацијата на проектот предвидени се следниве активности: координативен состанок со регионални координатори, организирање на обука за пеер едукатори, спроведување на пеер едукации во средни училишта, снимање и емитување на ТВ спот, печатење и дистрибуција на флаери, спортски натпревари и музички настани. |
|
Последно освежено на Понеделник, 28 Јуни 2010 09:37 |
|
|