Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Позициски Документи

ДОКУМЕНТ СО ПРЕПОРАКИ: ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА СОВЕТИТЕ НА МЛАДИ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Документот со препораки беше подготвен за време на Националната работилница "Подобрување на функцијата на Советите на младите" на кој учествуваа млади, членови на Совети на млади и донесувачи на одлуки на локално ниво. Позицискиот документ се базира на основните препораки дадени од 220 млади при реализацијата на локални дискусии одржани во 10 градови во Република Македонија. Реализираните активности се во состав на проектот "Учество на младите во процесот на донесување одлуки" во соработка со Агенција за млади и спорт, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +. Користејќи го методот на структурен дијалог, Националната работилница ги поврзува донесувачите на одлуки, младите и членовите на Советите на младите со цел подобрување на состојбата на Советите на младите во Република Македонија и зајакнување на позицијата на Советите на младите во општините.

ДОКУМЕНТ СО ПРЕПОРАКИ: ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА СОВЕТИТЕ НА МЛАДИ

 

ПРИДОНЕС НА КОАЛИЦИЈА НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕГА ВО ДЕФИНИРАЊЕ НА СТАНДАРД ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт на Р. Македонија го спроведува проектот „Развој на политика за младинска работа“. Проектот се спроведува со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Во првата фаза на проектот беше организирана Национална Конференција „Како до признавање на младинската работа во Р. Македонија“, на која учествуваа 21 носители на одлуки на национално ниво и претставници на клучни граѓански организации.

Во втората фаза беа организирани 14 локални дискусии во 10 градови (Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Скопје, Штип, Кавадарци и Струмица). Преку локалните дискусии се прибираа мислењата на 288 млади луѓе и претставници на локалните институции во однос на чекорите за признавање на младинската работа и стандардите за младински работници, и беа дефинирани примарни препреки.

Врз основа на наодите од Националната Конференција и локалните дискусии беа дефинирани три клучни полиња / нивоа на младинската работа во Р. Македонија:

  1. Работа со млади и фасилитирање на нивниот личен, социјален и образовен развој
  2. Развој на младински програми преку промоција на инклузија, еднаквост и потреби на младите
  3. Развој на младински политики и раководење со младински структури.

На Националната Работилница, која се организираше во периодот од 15 – 18 ноември 2016 година во Струга, преку методот на структурен дијалог вкупно 50 претставници на младите и донесувачите на одлуки ги дефинираа клучните препораки за признавање на младинската работа во Македонија, преку дефинирање на група на работи/задачи и стручни компетенции, знаења и разбирања за секоја група на работи.

Во дефинирањето на клучните препораки за дефинирање на младинска работа и придонесот во креирањето на стандард за младинска работа вкупно беа вклучени 359 претставници на млади, граѓански организации и институции. Институции вклучени во процесот: Агенција за млади и спорт, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Биро за развој на образованието, Центар за образование на возрасни, Државни универзитети (Југоисточна Европа, Св. Климент Охридски) Агенција за вработување на Р.М, Центри за вработување, локални самоуправи, училишта и факултети.

ПРЕВЗЕМЕТЕ ГО ДОКУМЕНТОТ: ПРИДОНЕС НА КОАЛИЦИЈА НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕГА ВО ДЕФИНИРАЊЕТО НА СТАНДАРД ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА

 

Иницијатива за измени и дополнување на Законот за средно образование

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА, Младински Образовен форум и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши на 18 март 2016 година ја доставија Иницијативата за измени и дополнување на Законот за средно образование до Министерството за образование и наука, со цел вметнување на нови одредби кои ќе обезбедат законско регулирање на учеството и организирањето на учениците во средните училишта.

Иницијативата во себе вклучува преглед на анализата за состојбата со ученичкото учество и организирање која беше спроведена во 2014 и 2015 година и која во себе содржи преглед на моменталната законска рамка. Во иницијативата се образложени причините поради кои е неопходно донесувањето на измени и дополнувања на Законот како и насоки за уредување на актуелната материја во истиот. Овој документ исто така ги содржи конкретните препораки кои произлегоа од локалните дискусии во 14 градови во Република Македонија до вклученост на 520 луѓе од кои 320 ученици во средните училишта и 200 претставници на менаџмент на средни училишта, подрачни единици на Бирото за развој на Образованието, Единици на Локална Самоуправа и родители.

Со иницијативата предлагаме Владата на Р. Македонија, Министерството за образование и наука преку своите органи и тела да започне постапка за измена и дополнување на Законот за средно образование која ќе обезбеди транспарентен и сеопфатен процес на сите засегнати страни во образовниот процес. 

ПРЕВЗЕМЕТЕ ЈА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Истражување за актуелните политики за млaдинско вработување на ЕУ и Република Македонија

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Проектот „Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување“ (Creating Effective Youth Employment Possibilities) поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност преку ЕРАЗМУС+ програмата, има за цел да обезбеди структурен дијалог помеѓу главните засегнати страни, носителите на одлуки и младите, давајќи придонес кон подобрување на состојбата со вработеноста на младите во Република Македонија.

Главни проектни активности се организирање на 10 локални дискусии и конференција, со вклучување на засегнатите страни, чии дискусии и видувања треба да резултираат со Документ со Политики (Position paper) за препораките што можат да придонесат за подoбрување на политиките за вработување на младите.

Истражувањето дава осврт на  актуелните политики за младинско вработување на ЕУ и Република Македoнија, идентификувајќи насоки за локалните дискусии за подобрување на системот за премостување на транзицијата од образование до вработување на младите.

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ПОЗИЦИСКИОТ ДОКУМЕНТ ОВДЕ!

Last Updated on Wednesday, 10 January 2018 11:32

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

October 2018 November 2018 December 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30