Национална кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“
Коалиција на младински организации СЕГА започнува со имплементација на Национална кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ која ќе се спроведува во периодот од 12 август – 31 декември 2021 година.
Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од законот за младински додаток и да придонесе кон негова подобра примена.
Активности од кампањата:
- Истражување на национално ниво за нивото за познавање на законот за младински додаток од страна на младите и нивото на искористеност на законот за младински додаток од страна на компаниите. Он-лајн анкетен прашалник (август-септември 2021)
- Национална панел дискусија (презентација на наоди од истражувањето)
- Он-лајн кампања (неделни објави за клучни факти од законот за младински додаток и факти од наодите на истражувањето) (септември - декември 2021)
- Национална конференција (заклучоци и препораки за подобрување на примената на законот за младински додаток) (декември 2021)
Очекувани резултати:
- Преку кампањата ќе се опфатат голем број на млади од цела Македонија кои ќе бидат информирани за придобивките од користењето на Младински додаток;
- Зголемена свест за важноста од информирањето за работничките права за севкупната јавност во Р. Македонија.
Поддржувачи на кампањата: Конфедерација на Слободни Синдикати (КСС), Бизнис Конфедерација (БК), Инфо Компас Прилеп и др.
Партнери во кампањата: Bintern, Младински Совет Прилеп, НЕЦИ НМК, ОЖО - Свети Николе и ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Претежно производствени дејности - Национална класификација на дејности - НКД Рев. 2