Моето практикантско искуство -  Изјава на Миле Цветкоски, практикант во ЛУ МАТ КОМ

Моето практикантско искуство - Изјава на Миле Цветкоски, практикант во ЛУ МАТ КОМ

„Практиканскта работа која ми беше овозможена преку проектот на Коалиција СЕГА за мене претставуваше одлична можност

за стекнување на работно искуство во областа на градежништвото.  Компанијата ЛУ МАТ КОМ во која сум практикант, е градежна фирма која нуди услуги за различни градежни работи. Многу сум задоволен од практиканската работа, посебно од мојот ментор кој постојано работеше со мене и ме учеше на сите техники и начини за извршување на градежни работи.  Во текот на овој месец сфатив дека оваа работа ме исполнува, дека способен сум да извршувам различни градежни работи, ги зајакнав моите знаења и вештини за работа во градежништвото. Сигурен сум дека сега, со стекнатото практично искуство, многу полесно во наредниот период ќе најдам работа во компаниите за градежништво во Прилеп и се надевам дека за брзо време ќе се вработам.“

Преку проектот на тројца избрани учесници од обуката им се овозможи практикантска работа во три приватни компании од Прилеп во времетраење од еден месец со цел стекнување на практично искуство.

Миле Цветкоски беше учесник на Обука за кариерно советување и насочување, која Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведе во рамките на проектот „Преку вработливост до социјална инклузија на младите луѓе“ поддржан од Агенција за млади и спорт.


Print   Email