ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН НА ДВАЈЦА АСИСТЕНТИ ВО ИНФО КЛУБОТ ВО ШТИП

ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН НА ДВАЈЦА АСИСТЕНТИ ВО ИНФО КЛУБОТ ВО ШТИП

Доколку сте креативни и имате желба да работите со млади

, имате визија за својот личен успех, сакате да стекните работни вештини, желба да покажете дека сте единствени, посветени, лојални, да организирате разни настани, а сè со цел да ја зајакнете вработливоста кај младите од Штип преку искористување на можности за вработување кои се нудат, со внимание проследете го овој оглас заедно да креираме работни можности за сите!

Коалиција на младински организации СЕГА има потреба од ангажирање на 2 лица за работни позиции Асистенти во ИНФО клубот Штип за период од 14 месеци, со можност за продолжување. ИНФО клубот е лоциран во просториите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Главни одговорности на асистентите:

  • Организирање на информативни сесии со млади (делење на флаери, поставување на постери, информирање лице в лице, онлајн активности за информирање, и сл.)
  • Организирање на информативни сесии и средби со бизнис заедницата во Штип (офлајн и онлајн активности)
  • Детално информирање и вклучување на младите во Активните мерки за вработување на АВРМ
  • Спроведување на обуки и работилници со млади на тема Биланс на компетенции и Кариерно насочување
  • Организирање на Панел дискусии и други јавни настани (Бизнис кафе)
  • Пишување на неделен и месечен извештај и доставување до координаторот на проектот од Коалиција СЕГА
  • Промовирање на работата на Инфо клубот во медиумите
  • Присуство на локални јавни настани на кои ќе се промовират услугите на Инфо клубот
  • Одржување на постојан контакт со Центарот за вработување во Штип, УГД и УНДП

Потребни вештини:

  • Универзитетско образование или во завршни години на студии
  • Активно користење на MS Office
  • Одлични комуникациски и презентерски вештини
  • Искуство во организирање и спроведување на настани за млади (обуки, работилници, дискусии со млади, јавни настани) ќе се смета за предност
  • Креативност во пристапот, иницијативност, способност за работа во тим
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување)
  • Одговорно извршување на поставените задачи

Што нудиме?

  • Целосна програма за јакнење на капацитетите на асистентите во Инфо клубот
  • Стекнување на одлични вештини за работа и одлично работно искуство
  • Месечен хонорар од 15.000,00 МКД (бруто износ) за полно работно време во периодот од јуни 2020 до август 2021 година

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Мотивационо писмо
  • Кратка биографија (CV)

Целосната документација да се достави најдоцна до 18 јуни 2020 година на e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот.

Дополнителни информации на телефон 070 308 746, или на e-mail This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .


Print   Email